свет

Ердоган: „Турција нема да се откаже од системот S-400“

„Корисно ќе биде да истакнам дека круговите кои се против Трамп вршат интензивен напор за нарушување на нашите односи“, изјави Ердоган

Burcu Çalık  | 14.11.2019 - Обновена : 14.11.2019
Ердоган: „Турција нема да се откаже од системот S-400“

АНКАРА (АА) - Турција нема да се откаже од рускиот воздушноодбранбен систем S-400 за да го купи американскиот систем „Патриот“, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека неговата земја може да ги купи и „патриотите“, пренесува Агенција Анадолија (АА). 

„Не доаѓа предвид целосно да се откажеме од S-400 и да го купиме системот „Патриот“. Ние истакнавме дека можеме да го купиме и „Патриот“, но ќе го купиме и S-400“, рече Ердоган во разговор со новинарите во текот на летот од Вашингтон кон Анкара, се вели во соопштението на Одделот за комуникација при турското Претседателство.

„Турција може да купи „Патриот“, но понудите за купување само „патриоти“ и целосно оставање на системот S-400 ги сметаме како интервенција врз нашите суверени права“, додаде Ердоган.

Ердоган рече дека Трамп е искрен во напорите за решавање на проблемите меѓу Турција и САД врз основа на заемна почит и националните интереси.

„Корисно ќе биде да истакнам дека круговите кои се против Трамп вршат интензивни напори за нарушување на нашите односи“, нагласи Ердоган.

„Сакам САД и Русија да бидат мои пријатели. Нашите напори се во оваа насока“, рече тој, додавајќи дека несогласувањата може да се надминат со дијалог врз основа на точни информации.

Ердоган во разговор со новинарите истакна дека Трамп и американските сенатори биле детално информирани во врска со настаните од 1915 година и дека потврдиле оти е погрешно да се политизираат историските настани.

Турскиот претседател говореше и за случајот на екстрадиција на челникот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, додавајќи дека во тек се преговорите меѓу министрите за правда на двете земји.

„Непрекинато ќе го следиме ова прашање“, рече Ердоган.

Меѓу другото, во врска со изјавата на американскиот сенатор Линдзи Грахам против Турција, Ердоган рече дека нему му кажале она што е потребно.

„Денес тој ја научи својата лекција“, додаде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın