Турција

Турската полиција уапси 7 странски државјани припадници на ДЕАШ

Лицата се уапсени откако е издаден налог за приведување на 12 странски државјани за нивна поврзаност со терористите во конфликтните зони во Сирија и Ирак

Jeyhun Aliyev  | 05.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Турската полиција уапси 7 странски државјани припадници на ДЕАШ

АНКАРА (АА) - Турската полиција уапси седуммина странски државјани за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, во операција во главниот град Анкара, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лицата се уапсени откако е издаден налог за приведување на 12 странски државјани за нивна поврзаност со терористите во конфликтните зони во Сирија и Ирак.

Според безбедносните извори, петмина од уапсените се ирачки државјани, додека двајца се сириски државјани.

Откако во 2013 година ја призна ДЕАШ како терористичка организација, во Турција повеќе пати беа извршени напади од страна на терористите на ДЕАШ, вклучувајќи 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади, и четири вооружени напади, при што смртно настрадаа 315 лица, а стотици беа повредени.

Како одговор против овие напади, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство, во чии рамки неутрализира 3.500 терористи на ДЕАШ и приведе 5.500 од нив.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.