Zuhal Demirci
07 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Стапи во сила Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Турција и Либија во врска со ограничување на зоните за поморска надлежност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меморандумот за разбирање потпишан на 27 ноември во Истанбул меѓу Турција и Владата на национално помирување на Либија (УМХ), во врска со ограничувањето на зоните за поморска надлежност на Медитеранот, е објавен во Службениот весник на Турција.
Според тоа, Турција и УМХ, имајќи ги предвид сите фактори, решија да воведат праведни ограничувања на поморските зони на Медитеранот, каде што сите суверени права или овластувања се остваруваат во согласност со меѓународното право.