Betül Yürük
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
ЊУЈОРК
Наградените фотографии на Меѓународниот натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards“, организиран од Агенција Анадолија (АА) се изложени во седиштето на Обединетите нации (ОН) по петти пат, известува Агенција Анадолија (АА).
Изложбата со наградените фотографии на „Istanbul Photo Awards 2021“ е отворена во седиштето на ОН.

По отворањето во „Туркеви“ во Њујорк, изложбата денеска е претставена и во седиштето на Обединетите нации (ОН).
Изложбата „Istanbul Photo Awards 2021“ ќе биде отворена до 29 октомври.
На изложбата посетителите ќе можат да видат 40 фотографии што ги опфаќаат настаните што се случија на светската сцена минатата година, од експлозијата во Бејрут до Светското првенство „Супербајк“, а особено фотографиите од епидемијата на Ковид-19.
Официјални спонзори на изложбата се „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
