Mehmet Hatipoğlu
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
АТИНА (АА) – Во грчкиот Парламент беше одобрен предлог-законот за изградба на џамија во главниот град на Грција, Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Предлог-законот беше прифатен од страна на големиот соработник на коалициската влада, Радикалната левичарска партија, Сириза, и беше одобрен со 210 гласа „за“ од опозициските пратеници.
На гласањето присуствуваа 230 пратеници и од нив против изградбата на џамијата беа пратениците од партијата Независни Грци (АНЕЛ), и пратениците на екстремно десничарската партија Златна зора.
Министерот за образование на Грција, Никос Филис, во говорот што го одржа пред гласањето нагласи дека изградбата на џамија во Атина го оддалечува теророт од Грција, и додаде: „Ако не сакаме овде да има настани како што имаше во Франција и во Белгија, не треба да ги повторуваме истите грешки од минатото“.
Филис нагласи дека изградбата на џамија во Атина е тема што е во врска со демократијата и со човековите права, и продолжи: „Европа треба да прифати дека овде е присутен исламот. Некои се жалат на тоа дека овде има голем број муслимани, тврдат дека државата се исламизирала и дека џамијата ќе ги привлекува муслиманите тука. Да беше ова точно, тогаш во Атина не ќе останеше никој, сите ќе беа во Тракија. Целта на Владата е да стави крај на функционирањето на неофицијалните џамии, кои претставуваат дамка за нашата држава и за муслиманите. Тие што се двоумат за тоа дали да се изгради џамија или не, нека размислат што е подобро: да се изгради неофицијална џамија или официјална што ќе има даночен број.
Филис истакна дека Владата на Сириза одобрила да се изградат четири џамии, од кои едната ќе биде во областа Тива.
Пратеникот на партијата Потами во Родоп, Илхан Ахмет, истакна дека изградбата на џамија во Атина ги открива слабостите на грчкиот политички систем, и дека таа е длабока историска тема. Тој рече дека какво оправдание и да се измисли, неприфатливо е тоа што Атина е единствениот главен град во Европа во кој не постои џамија.
Илхан Ахмет истакна дека предлог-законот е добро подготвен и се надева дека ќе се реализира изградбата.
Филис побара од грчката заедница и од политичките сили што се против изградбата на џамија да не го игнорираат тоа - кој ги финансира џамиите, кој ги поучува верските луѓе и какви се нивните односи со народното право.
„Човеково право е да се има место каде што илјадици бегалци во Грција и муслиманите со грчко државјанство ќе можат да ги извршуваат своите верски должности. Во период кога исламофобијата го достигна врвот во Европа, изградбата на џамија во Атина ќе биде отпор против стравот од тероризмот и ќе биде порака за едно од основните човекови права, слобода на вероисповед“, рече Илхан Ахмет.
Во 2006 година, во главниот град на Грција, Атина, беше донесен закон за изградба на џамија во реонот Вотаникос. Поради приговорите не беше започната изградбата, и изградбата беше откажана поради тоа што површината за изградба се наоѓала на коритото на реката.
Проектот беше одбиен поради реакциите од страна на некои фанатици, а и претходно беше одложен поради приговорите на некои граѓани. Приговорот во врска со џамијата, кој беше поднесен од страна на граѓаните, меѓу кои и метрополитот во Пиреа, Серафим, со мнозинство гласови беше одбиен.
Грчката Влада планира да изгради џамија со капацитет за 350 лица на земјиштето што се наоѓа во реонот Елеона, Вотаникос, кое е во сопственост на Министерството за образование. Тендерот за земјиштето заврши пред околу 2 години и е одобрен од страна на Министерството за инфраструктура во Грција. За изградбата бил одвоен буџет од околу 1 милион евра од фондот ЕСПА поддржан од Европската Унија.
Во Атина, кој е единствениот главен град без џамија во Европа, муслиманите своите верски должности ги извршуваат во гаражи и подруми.