Selçuk Acar
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки Мун го посети олимпискиот тим на бегалци, под знамето на меѓународниот олимписки комитет во олимпиското село во Рио, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар Бан истакна дека светот ќе го инспирира тоа што на Олимпијадата оваа година, за првпат учествува еден тим составен од бегалци.
Од Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН наведуваат дека генералниот секретар присуствувал на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио 2016. Тој го посети тимот бегалци кој за првпат учествува на една олимпијада.
„Знам дека доживеавте многу тажни и лоши работи. Но вие сте инспирација за сите нас”, порача генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за време на посетата.
Тимот на бегалци на Олимпијадата е претставник на 65 милиони бегалци во светот. Целта е да се привлече внимание на решавањето на бегалското прашање во светот.
Тимот се состои од десет спортисти, и тоа петмина од Јужен Судан, двајца од Сирија и од Демократска Република Конго и еден од Етиопија. Меѓу нив се наоѓаат и четири жени.