Ekipa
05 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Почина уште еден човек кој беше ранет во нападот извршен со камион на Денот на Бастилја во Ница, со што бројот на жртвите се искачи на 85, јавува Anadolu Agency (AA).
Кристијан Eстроси, претседател на регионот во кој се наоѓа градот на француската ривиера, на својот профил на Твитер објави дека Пјер Хатермен (56) почина во болницата.
Локалните медиуми објавија дека сопругата и 13-годишниот син на Хатермен загинаа кога камионот што го возеше туниски државјанин влета во топлата луѓе кои се собраа за да го прослават францускиот национален празник на 14 јули оваа година. Одговорноста за нападот подоцна беше преземена од страна на ДАЕШ.
Хатермен, кој беше психолог, почина во четвртокот во болницата „Пастер“. Тој живееше во источниот дел на Франција, а со семејството беше на одмор во Ница.