Can Erözden
05 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
БАГДАД (АА) - Во воздушна операција на ирачката армија загинаа 38 милитанти на ДАЕШ рано утрово, се вели во извештајот на Здружената оперативна команда на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот, армијата со воздушните напади исто така ги спречила планираните бомбашки напади во Багдад и во јужен Ирак. Во воздушите напади загинаа и високи припадници на милитантите, како и бомбаши-самоубијци.
Претставник на комитетот за одбрана и безбедност при ирачкиот Парламент, Мувафак ер Раби, за АА изјави дека милитантната група „се обидела да ја наруши безбедноста во Багдад и во јужните покраини користејќи разни методи”.
Раби изјави дека треба да бидат засилени безбедносните мерки во Багдад и во северен Ирак и да се зголеми свеста на жителите со цел да се спречат нападите.
Безбедносните сили на земјата спроведоа антитерористички операции против ДАЕШ во северен и во западен Ирак уште од 2014 година.
Покрај тоа, меѓународната коалиција предводена од САД ги поддржува овие операции со воздушни напади.