Ekipa
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) изјави дека примил извештај во кој се наведува дека припадниците на ДАЕШ заробиле околу 3.000 Ирачани кои бегале од насилство, и дека 12 од нив ги убиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено вчера, УНХЦР вели дека внатрешно раселените лица од селата во областа Хавиџа се обидувале да побегнат во северниот ирачки град Киркук кога ДАЕШ ги заробил.
Портпаролот на УНХЦР во моментот не можеше да изнесе повеќе детали поврзани за овој извештај.