Ayşe Sarıoğlu
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
АНКАРА (АА) - Државниот секретар на САД, Џон Кери, на 24 август ќе допатува во дводневна посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Чавушоглу гостуваше во турската телевизија ТГРТ Хабер, каде што изјави дека добил информација дека Кери сака да допатува во дводневна посета на Турција, на 24 и 25 август, која, како што рече, е потврдена.
Ова ќе биде втора посета на едно високо официјално лице, откако американскиот генерал и началникот на Генералштабот на САД, Џозеф Данфорд, на 1 август престојуваше во Анкара.
Данфорд, притоа, во придружба на началникот на турскиот Генералштаб, Хулуси Акар, ја посети зградата на турскиот Парламент, која е оштетена во обидот за државен удар.
Данфорд се состана и со премиерот Бинали Јилдирим, а во таа пригода најостро го осуди обидот за државен удар во Турција