Ekipa
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад врз шиитска џамија во јужниот дел на Пакистан. Иако напаѓачот не успеал во намерата да ја нападне џамијата, тој сепак се разнел во моментот кога бил фатен од полицајците, кои сакале да извршат претрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека во експлозијата во областа Шикарпур биле повредени тројца полицајци.
Полицискиот службеник Бахардин Керио изјави дека нападот се случил за време на молитвите за муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Тој додаде дека вториот напаѓач, кој исто така требало да изврши самоубиствен напад, бил ранет, а потоа и уапсен од страна на полицијата.
Керио нагласи дека еден од повредените полицајци е во тешка состојба, а дека за време на нападот, во џамијата имало стотици верници.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во јуни минатата година, во напад врз шиитска џамија во Шикарпур, загинаа 59 лица.