СКОПЈЕ (АА)- Турската агенција за меѓународна соработка и координација -ТИКА oд 2006 година официјално започна со работа во Република Македонија. До сега има реализирано вкупно 489 проекти во многу области, меѓу кои се издвојуваат оние за надминување на основните проблеми во образованието, здравството, социјалната инфраструктура, изградба на потребните капацитети и заштита (реставрација) на културното наследство, како и многу други, вели координаторот на ТИКА за Македонија, Теоман Тиријаки во разговор за Anadolu Agency (AA), зборувајќи за активностите на оваа институција која активно работи веќе десет години во Република Македонија.
За почеток на разговорот, Тиријаки вели дека ТИКА продолжува интензивно да работи со своите проекти и различни активности во Република Македонија.
“Во делот на Социјална инфраструктура и услуги, реализирани се 248 проекти во области на развојот на административната и цивилната инфраструктура, поддршка за конгреси и симпозиуми, поддршка за активностите на културната соработка и соработка со невладини организации”, истакнува Тиријаки. Во овој контекст, вели Тиријаки, овозможена е поддршка “за зајакнување на капацитетот на голем број јавни институции, особено како што се Уставниот суд на Република Македонија, Врховниот суд, Високиот совет на судии, Државното правобранителство, Агенција за цивилно воздухопловство, Администрација за јавни приходи, Национална новинска агенција” .
-Здравство-
Реализирани се бројни проекти и во областа на здравството, кои ТИКА ги смета за многу важни.
“Во здравствениот сектор реализирани се 8 проекти, со чија помош е снабдена опрема, извршена реконструкција на болници и здравствени центри, како и воспоставување на медицински лаборатории за анализа” , вели Тиријаки. Со снабдување на опрема, реконструкција на болници и здравствени центри и воспоставување на медицински лаборатории за анализа.
“Клиничкиот центар за детски болести при Kлиничкиот центар на Државната болница Свети Кирил и Методиј во Скопје, се разликува со тоа што не само во Македонија туку во целиот Балкан е првата Клиника за педијатрија и Ургентниот центар со 600 м2 површина. На оваа површина е подготвен проектот за преуредување на шест поликлиники: гастроентерохепатологија, кардилогија, имунологија, нефрологија, пулмологија, брза помош и лабораторијата за анализа. Потребните фази за изградба во контекст на реновирање се извршени и овозможувајќи ги сите медицински апарати, мониторите за следење на здравствената состојба и сите потребни материјали за испитувања и грижата за пациентот обновена е целата опрема и единиците се ставени на располагање",наведе координаторот на ТИКА за Македонија, Теоман Тиријаки. Од страна на Управата на ТИКА, вели Тиријаки, во 2015 година извршена е длабинска анализа на подрачјето и проектирањето на работата за реконструкцијата, адаптацијата и опремувањето на Педијатриската интензивна нега, и на 2016 година ќе се спроведува.
-Образование-
Образованието е исто така, сегмент во кој ТИКА и годинава спроведе многубројни проекти. Во 2015 година, ширум Македонија беа спроведени 3 изградби на нови училишни згради, реновирање на една училишна зграда и обезбедување на опрема.
“Во местото на старата зграда на средното училиште кое датира од 1968 година, каде областа за користење е недоволна, во февруари 2016 ќе заврши изградбата на средното училиште во Дебар кое ќе има 24 училници и ќе се состои од затворена површина од 5 илјади квадратни метри и ќе се зголеми капацитетот на општинската гимназија во Дебар каде што учат 1.000 ученици, со што на учениците ќе им се овозможат поквалитетни и подобри услови за учење", објаснува координаторот на ТИКА за Македонија, Теоман Тиријаки, во продолжение зборувајќи за проектите кои се однесуваат за Турските Јуруци во Македонија.
"Со цел да се зголеми капацитетот за образование за Турските Јуруци кои живеат во руралните средини, во селото Високо Маало при општина Василево и во селото Долгаш при општина Центар Жупа, потребните работи за изградба на ново училиште кое се состои од 3 училници, канцеларија за наставниците, кујна и заеднички простории и за опрема е завршена и е ставена на располагање. Во однос на на активностите за поддршка на образованието, во 21 центaр на 1400 лица овозможени им се курсеви по Турски јазик, и за вкупно 1850 ученици од основно,средно и високо образование им е обезбедена стипендија", истакнува тој.
Кога е во прашање образованието, Тиријаки информира дека се извршени следните проекти: “Подобрени се условите на вкупно 25 основни и средни училишта низ Македонија, од кои 15 се реновирање а 10 се изградба. Од 2005 година, обездена е поддршка со стипендии за околу 4.300 ученици од основно и средно образование, како и поддршка за студентите за високо образование. Од 2007 година, за 9 години во 25 центри за странски јазици во 22 општини на Македонија се организираа курсеви по Турски јазик за околу 80 наставници и 8.000 ученици. Од 2007 година, во 9 различни региони на Македонија околу 1.550 ученици и 100 наставници обезбедени се транспортни услуги во сфера на образованието. Последните 2 години, за околу 3.000 сиромашни ученици, сираци и ново запишани ученици во основно училиште снабдени се со училишен прибор" .
До денес, за околу 800 студенти и 60 наставници е обезбедена поддршка за студиска посета. Во областа за зајакнување на капацитетите, информира Тиријаки, спроведени се повеќе од 20 програми за поддршка за зајакнување на капацитетот на персоналот кои работат во јавните институции, за развојот на соработката меѓу двете земји и за поефикасни јавни услуги. Во овој контекст, во 2015 година, во областа на социјална инфраструктура и услуги.
"Во овој дел реализирани се 27 проекти во области на развојот на административната и цивилната инфраструктура, поддршка за конгреси и симпозиуми, поддршка за активностите на културната соработка и соработка со невладини организации" , вели Тиријаки, набројувајќи ги реализираните проекти. Исто така, овозможена е поддршка за зајакнување на капацитетот на голем број јавни институции, особено како што се Уставниот суд на Република Македонија, Врховниот суд, Државниот универзитет во Тетово, Државното правобранителство и Агенција за цивилно воздухопловство.
Што се однесува до развојот на институционалните капацитети, реализирани се разни семинари и проекти за поддршка на техничка опрема се спроведени во правец на поддршка за зајакнување на капацитетот на персоналот кои работи во јавните институции, за развојот на соработката помеѓу Република Македонија и Република Турција и за поефикасни јавни услуги (Полициските службеници на Македонија, Правни институции на Република Македонија и други). Со новиот Закон за локална самоуправа во опсегот на правните регулации во 2004 година во Република Македонија, во две општини, односно во Центар Жупа и Општина Пласница Турскиот јазик е прифатен како официјален јазик и турското знаме се вее.
"Зградата за јавна услуга на општина Центар Жупа има 1.100 м2 површина и се состои од приземје и два спрата. Изградбата на општинската зграда е извршена со буџетот на општината за која станува збор, додека подовите, канцеларискиот мебел во просториите на органите и вработените во општината,набавка на опремата на собите за конференција и семинар и покривање на екстериерот е извршена од страна на нашата управа" во 2014 година", наведува Тиријаки.
Во 2015 година, беа започнати работите за изградба на нова зграда за јавни служби во општина Пласница. Новоизградената зграда на општинските јавни услуги, се наоѓа во северниот дел на селото Пласница на патот Кичево-Прилеп и се состои од вкупно 3 спрата со површина од 675,66 метри квадратни. Општинсаката зграда за која станува збор, ќе се состои од котлара и складиште во подрумот, вкупно 12 канцеларии на двата спрата, една сала за состаноци и на секој спрат по една заедничка просторија
- Економски развој-
Со цел да се даде поддршка за економскиот и социјалниот развој на народот во Источна Македонија, симнувајќи го малку повеќе на микро ниво нашиот претходен проект со пчеларството, за околу 35 семејства беа обезбедени опрема и пчели.Со овој проект, пчеларството кое претходно беше застапено во во мали размери и за што не постоеше свест, почна де се извршува на попрофесионален начин и семејствата почнаа да заработуваат екстра приход од пчеларството.
"Зголемено е нивото на приходи на народот кој во текот на 2015 година од едно собирање на мед дополнително заработи просечно блиску 1200 евра. Во регионите Штип, Радовиш, Конче, Валандово, со цел да се развие овоштарството, наместо конвенционално производство на тутутнот 9680 фиданки беа донирани за идентификувње на вкупно 47 семејства, за тие да садат овошје во согласност со потребните еколошки услови (јаболки, сливи, цреши, круши, ореви, бадеми) и со висока ефикасност и принос", наведува координаторот на ТИКА за Македонија, Теоман Тиријаки.
"Во општините на Источна Македонија (Радовиш, Конче, Штип, Карбинци, Берово, Велес, Демир Капија, Неготино, Дојран, Валандова, Струмица, Василево, Босилово), каде што живеат нашите сонародници (Јуруци, Бошњаци и Македонци) кои имаат потреба, во 72 села на идетификувани вкупно 560 семејства од страна на ТИКА обезбедени се неопходната стакленичка опрема (стакленички градежништвото, стаклена градина и систем за наводнување капка по капка) и поддршка за семе за тие да можат во текот на годината да садат зеленчук со висока ефикасност (пиперки и домати)" , изјавува Тиријаки, наведувајќи ги проектите во сферата на економскиот развој. Годишното производство на зеленчук е зголемено, информира тој, исто така за период од шест месеци во стаклена градина е зголемено и нивото на приходите на семејниот бизнис, со заработувачка околу 1000 евра.
Со цел придонесување кон заживувањето на економијата во оваа област ,поддржан е развојот на руралните области во Источна Македонија. - Проекти од областа на Водовод и Канализација- Во селата Аликоч и Коџали кои им припаѓаат на општина Радовиш и каде што живеат вкупно 1000 Јуруци, беа забележани бројни проблеми во пристапот до безбедна вода за пиење и здравствените и социјалните проблеми кои произлегуваат од овие проблеми.
"Со цел да се решат проблемие кои доаѓаат заедно со зголемувањето на недостатокот на водата, во рамките на прокетот за санација на далекуводот и каптажата, изградба на мрежа за дистрибуција на вода за пиење и воспоставување пречистителна станица во селата Аликоч и Коџали во општина Радовиш, во тек се работите за воспоставување на мрежа за дистрибуција во селото која е потребна за формирање на водна линија долга 10 километри со која ќе се овозможи дистрибуција на вода во селата од изворот, за изградба на резервар за вода со висок капацитет, за воспоставување на станици за пречистување и хлорирање на водата, како и доставуваање на водата до секој дом", подвлекува Тиријаки, додавајќи дека "во февруари 2016 година, со завршувањето на проектот ќе биде овозможен пристап до чиста и квалитетна вода за пиење, ќе се спречат здравствените и социјалните проблеми кои доаѓаат како резултат на ограничените можности за водата и ќе се обезбеди подобрување на квалитетот на животот".
-Хуманитарна помош-
Еден од сегментите во кои ТИКА со своите активности пружа поддршка и помош се хуманитарните активности. Тиријаки, зборувајќи за овој дел од работата на ТИКА, ги наведува хуманитарните активности на оваа организација, која го помогна населението кое беше зафатено од поплави во Тетовскиот регион.
"Во 2015 година, поради силниот дожд кој зафати многу региони на Македонија реката Пена која се наоѓа во регионот на Тетово се излеа од своето корито и како резултат на поплавите и свлечишта на земјиштето, локалното население претпре материјална штета и се загубија човечки животи. За населението погодено од поплавите во регионот беа поделени хуманитарни пакети кои се состојат од основните прехранбени артикли. Поради поплавите во Источната Македонија се блокираа селските патишта во општина Штип и имаше прекин во сообраќајот. На брз и ефикасен начин беа поделени пакети со помош за 8 села кои не ги задоволуваат основните потреби. Република Турција е првата странска држава која даде помош во двата региони. Со реагирање на брз и итен начин на потребите на луѓето погодени од природни катастрофи, има стекнато голема репутација во очите на луѓето и кај македонските власти", истакна Тиријаки зборувајќи за хуманитарните активности на ТИКА.
- Заштита на културното наследство (реставрација) -
Со цел да се зачува богатсвото со потекло на нашите предци во Македонија и ова наследство да се пренесе на идните генерации завршена е реставрацијата на објекти од културен и историски значај. Меѓу нив се вбројуваат Исхакије џамијата која е една од најеминентните дела во Битола, додека уредувањето на џамискиот двор е во тек.
"Успешно е завршена реставрацијата на Џамијата Махмут Ага во Радање-Штип, Мустафа Кабир Челеби Џамија во Струга која во 2011 година беше уништена и Отоманскиот Амам во Тетово. Потребната правна процедура во врска со проектите за реставрација, структурно засилување и уредување на дворот на џамиите Султан Мурат-Скопје, Исхак Беј-Скопје, Алаџа џамијата, и Сарај Хусејин Шах се завршени и планирано е во 2016 година да се почне реализацијата на досегашните планирани проекти", изјавува Тиријаки, наведувајќи ги проектите во сферата на заштитата на културното наследство.
При крај се работите на гробишта во Дебар кои припаѓаат на Отоманскиот период, каде што е работено проектот за обиколувањето на гробиштата и нивната регулација и обиколувањето на расположливиот простор, уредувањето на околината, обновување на надгробните плочи и заедничките простории за посетителите.
ТИКА и понатаму ќе продолжи со својата работа, предвидените проекти и различните активности да допринесува да биде активен чинител во општеството, работејќи на севкупното подобрување на квалитетот на животот во сите сфери, како и да претставува вистински мост помеѓу двете пријателски земји Република Македонија и Република Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
