Sultan Çoğalan
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Сердар Чам, остро го осуди обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО, нарекувајќи го тој чин забивање нож во срцето на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој потсети дека за време на обидот за државен удар на 15. јули била бомбардирана дури и зградата на Парламентот, што досега не е направено во ниту еден обид за државен удар. Чам истакна дека за време на бомбардирањето на Парламентот, претставниците на волјата на народот во Парламентот покажале голема храброст.
- „Три години ги заменуваме вработените – симпатизери на ФЕТО
„Речиси 50 вработени се раздолжени или им е доделен пасивен статус без никакви задолженија", истакна Чам, потсетувајќи дека ТИКА делува во 53 земји во светот. Тој рече дека процесот на чистка на симпатизерите на терористичката организација ФЕТО во ТИКА започнал во 2013 година, кога дојде до првиот судир меѓу владејачката АК партија и терористичката организација на Фетулах Ѓулен.
Чам нагласи дека во тој период ТИКА направила извесни измени во управувањето со персоналот, при што заменила повеќе од половина од функционерите.
„Особено беше ставен акцент на локалните вработени во ТИКА. Притоа мислам на вработените одделно во секоја земја. Низ период од три години го заменивме целиот пресонал кој имаше каква било врска со организацијата и персоналот што се школувал во нивните образовни институции. Од декември 2013 година, од должност разрешивме околу 50 лица, а на некои им дадовме пасивен статус, со што го спречивме нивното влијание во ТИКА. По обидот за државен удар, преземавме дополнителни мерки. ТИКА нема многу вработени како и останатите институции, но и со постоечката структура ја продолжуваме својата борба“, рече Чам.
Чам потсети на историјата на терористичките организации во Турција. „Турција имаше проблем со ерменската терористичка организација (АСАЛА). По неа се појавуваат ПКК, ДАЕШ и ФЕТО. Откако се соочивме со ФЕТО, ќе се појави некоја друга терористичка организација, бидејќи противниците ќе продолжат со своите подмолни игри против незапирливиот напредок на Турција. Државата сето тоа добро го согледа и успешно продолжи против таквите процеси. Турција никогаш нема да биде Египет, Ирак или Сирија. Нема да биде онака како што си замислиле. На нашиот претседател, кој е наш лидер, доколку даде Господ, ништо нема да му се случи. Заедно со опозицијата, Парламентот и претседателот станавме едно тело. Со радикална чистка од туморот што со години навлегувал во воените редови, Турција ќе започне нов период", рече Чам. Чам понатаму појаснува дека не е доволно само да се отпуштат од јавниот сектор приврзаниците на Ѓулен, туку дека е потребно против нив и нивната структура да се преземе сеопфатна борба.
„Во тој контекст, ние константно продожуваме со активности на информирање и предупредување на граѓаните на земјите во кои имаме претставништва, земји во кои ФЕТО има свое влијание, со цел да се посочи на опасноста од нивното подмолно делување низ наводни социјални мрежи и хуманитарни програми. Се обидуваме да објасниме дека тие се опасност, не само за Турција, туку и за земјите во кои делуваат“, рече Сердар Чам.
Организацијата ФЕТО во повеќе земји презема кампањи во кои ги клевети ТИКА и Турција. Претседателот на ТИКА, Сердар Чам рече дека во таа насока, преземал одредени чекори во соработка со невладините организации во земјите во кои делува ФЕТО. Сердар Чам рече дека по поплаките од официјалните лица на овие земји дека училиштата за кои станува збор не можат да ги затворат бидејќи немаат алтернатива за нив, ТИКА започнала со зајакнување на инфраструктурата на државните училишта.