Halil Demir
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На виделина излезе предавничкиот план кој терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, предводена од Фетулах Ѓулен го подготви пред обидот за државен удар и работите што требаше да бидат направени за време на обидот за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на испитувањето што го спроведува Дирекцијата на истанбулската полиција, запленети се документи, меѓу кои се наоѓа и „планот за воена состојба“.
Ви претставуваме дел од написот на тајниот план што го подготвил директорот на одделот за генерали и адмирали, полковникот на штабот Џемил Турхан, кој бил одобрен од раководител за планирање и управување со персонал, бригадниот генерал Мехмет Партигоч:
„До воведувањето на следната регулатива, сите задачи и овластувања на јавната власт ги презема Советот за мир во земјата и сите овластувања ќе бидат донесени од негова страна. Освен тоа, сите други акции се неважечки одредби.
Се презема функцијата од рацете на досегашната извршна власт, која го загуби својот легимитет. Престанува функцијата на Парламентот.
Сите лица и институции што ја предадоа татковината, во најкраток временски период, во име на народот ќе ја дадат својата сметка пред одговорните судови. Од 03:30 часот, 16 јули 2016 година, сите аеродроми, пристаништа и гранични премини ќе бидат земени под контрола. До следната наредба, турските државјани не ќе можат да излезат надвор од границите на државата со никакво превозно средство.
До 12:00 часот, 16 јули 2016 година нема да биде дозволено пристаништата да ги напушти ниту еден брод или друг вид поморско превозно средство. Почнувајќи од 03:30 часот, сите бродови кои ѝ припаѓаат на командата на крајбрежната стража преоѓаат под команда на Турските поморски сили.
Сите гувернери се разрешени од нивната функција. Сите функции на Гувернерите и претседателите на општините од провинциите Анкара, Истанбул, Измир и Кајсери неодложно се префрленина на Советот за мир во земјата.
Должностите на Гувернерите и градоначалниците на останатите провинции и градови, ќе ги извршуваат лица назначени од командата на воената состојба. Во престојните денови, сите задачи во сите провинции, градови, гуернерства, префекти и општини ќе ги извршува Советот за мир во земјата.
Прекинати се сите активности на политичките партии. Во нареиот период, во име на партиите, сите судски и административни работи ќе ги извршуваат одговорните органи.
Сите полициски сили подпаѓаат под раководство на командата на воена состојба. За оние кои нема да ги спроведат зададаните обврски, ќе бидат спроведени судски и административни постапки од страна на командата на воената состојба.
За апсењето на криминалците и оние кои се во криминалната мрежа, со цел да се обезбеди јавниот ред и безбедност, воената команда ќе соработува и ќе извршува координација со провинциите, градските општини, полициските станици. Во тие рамки, ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се обезбеди порребната поддршка од народот."
Исто така, се дознава дека меѓу запленетите материјали, во додатокот на планот, се наоѓала листата на командите на воената состојба, воените судови и други задачи.