Duygu Yener
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Студентот Мухамед Емин Текин на 15 јули, ноќта кога е извршен обидот за државен удар во Турција, бил на Мостот на Босфор во Истанбул и невооружен се обидел да го застане тенкот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова 19-годишно момче е рането на Мостот на Босфор и се наоѓа на лекување во една болница во Анкара. За АА раскажа што се случувало таа ноќ. Мухамед е студент на факултетот за исламски науки на Универзитетот Мармара и престојува во интернат.
За обидот за државен удар се информирал преку телевизија и на повикот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со пријателите излегол надвор. Како што вели тој, заминале кон Мостот на Босфор.
Тогаш видел дека истото го прават илјадници луѓе. Додека се приближувал кон Мостот слушнал „Колку куршуми имате, фрлете ги”, „Колку можете да нѐ убиете“. Се деморализирал кога видел дека пукаат во народот.
„Таа вечер многумина беа убиени пред нашите очи. Беа прилично немилосрдни“, раскажа Емин Текин. Тој се присети дека пукале и додека тој се приближувал кон војниците на Мостот.
„Во тој момент почувствував што треба да сторам“, раскажа Емин Текин, кој во тој момент ги подигнал рацете на тенкот кој бил пред него.
„Во тој момент беше друга психологија. Не сакав да запрам. Инаку, не сум конфликтна личност”, додаде Емин Текин кому таа вечер во мислите му бил пријателот Халил Кантарчи, кој претходно загинал.