Can Erözden
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес изјави дека ќе биде затворена воената база користена од страна на пучистите за време на обидот за пуч на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воената база Акинчи во Анкара, центарот на грозоморниот обид за државен удар, ќе биде затворена”, изјави Јилдирим пред присутните во Казан, Анкара, во близина на воздушната база.
„Базата ќе биде претворена во место за комеморација на нашите маченици”, изјави Јилдирим и додаде: „ Ги затвораме сите касарни во Анкара и во Истанбул кои ги испратија тенковите и хеликоптерите во обидот за пуч”.
Јилдирим вети дека водачот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, Фетулах Ѓулен, обвинет за организирањето на обидот за пуч, ќе биде екстрадиран во Турција.
Ѓулен живее во Пенсилванија уште од 1999 година.
„ Апсолутно ќе го вратиме назад водачот на терористичката организација, одговорниот за овој обид за пуч кој моментално се наоѓа во САД ”, изјави Јилдирим.
„Ќе го вратиме назад во Турција”, вели тој.
Турската Влада вели дека обидот за државен удар на 15 јули беше спроведен од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, предводена од Фетулах Ѓулен. Во неуспешниот обид за државен удар загинаа 246 луѓе, а беа повредени повеќе од 2.100 лица.
Неуспешниот пуч предизвика започнување на национална истрага за да се елиминираат терористите на ФЕТО инфилтрирани во државните институции, вклучувајќи ги судството и армијата.