Kurbani Geyik
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
АНКАРА (AA) -Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес ја повика во телефонски разговор германската канцеларка Ангела Меркел на разумно постапување во врска со најавеното изгласување на резолуцијата во германскиот парламент за настаните од 1915 година во врска со ерменските наводи за случувањата во тој период, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со голема загриженост и Владата на Турција и Турците населени во Германија ги следиме случувањата во врска со одлуката на парламентот за настаните од 1915 година која содржи неточни политички квалифијации. Го повикувам германскиот парламент да постапува во склад со здравиот разум во врска со ова прашање", рече Јилдирим.
Вo соопштението на Владата на Турција се додава дека во текот на разговорите двајцата челници нагласено е значењето на политичкиот дијалог помеѓу двете земји.
„Во текот на разговорите нагласено е значењето на продолжувањето на политичкиот дијалог на високо ниво како и развојот на соработката со Германија која опфаќа широко подрачје", се наведува во соопштението.
Турскиот премиер исто така истакна дека очекува од Европската унија (ЕУ) да ги исполни преземените обврски во врска со воведување на безвизниот режим на граѓаните од Турција.
Меркел во текот на разговорот рече дека Германија силно ја поддржува борбата на Турција против ПКК и сите други терористички организации.
Во долниот дом на германскиот парламент, Бундестаг, во подготовка е резолуцијата со која за прв пат се користи изразот „геноцид", над Ерменците како и , според текстот на резолуцијата „дел од одговорноста" на Германија во спомнатите случувања. За резолуцијата би требало да се гласа во четврток.