Orhan Canbulatel
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
КИРИККАЛЕ (АА) - Турските власти вчера соопштија дека земјата ја произведува првата бомба за уништување бункери - „пробивач“, јавува Anadolu Agency (AA).
Корпорацијата на машинската и хемиска индустрија (MKEK) неодамна ја сертифицираше употребата на бомби тешки 907 килограми во воените авиони F-16 и F-4
Ихсан Чaгатај Онџел, шеф за истражување и развој во фабриката MKEK во Кириккале, град во централна Турција, соопшти дека бомбата за уништување на бункери има разорна моќ за уништување и на армирани бетонски цели.
„Бомбата има моќ да пробие армиран бетон. Одобрена е и нејзина употреба во авионите F-4 и F-16", рече Онџел.
Инаку, споменатата бомба може да уништи цели како што се брани, мостови и ракетни батерии.