Sefa Mutlu
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги прими претставниците на балканските невладини организации во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приемот подготвен во палатата „Хубер“ во Истанбул беше затворен за новинарите.
На приемот присуствуваа и турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и гласноговорникот на Канцеларијата на турскиот претседател, Ибрахим Калин.