Ömer Tuğrul Çam
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) го осуди нападот со дрон на резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими, јавува Агенција Анадолија (АА).
Службата на ЕУ за надворешни работи упати соопштение во кое остро се осудува обидот за атентат на премиерот Ал-Казими. Се наведува дека сторителите на нападот треба да одговараат за ова злосторство.
„Мирот, воздржаноста и дијалогот се од суштинско значење во постизборниот процес. За да одговориме на предизвиците со кои Ирак се соочува, сите страни мора да се вклучат во политичкиот дијалог и соработка во интерес на целата земја и ирачкиот народ“, се наведува во соопштението.
На крајот се истакнува дека ЕУ ќе продолжи да пружа поддршка на ирачкиот народ.
Премиерот на Ирак, Мустафа ал-Казими го преживеа обидот за атентат со дрон, соопшти денес ирачката Војска. Ал-Казими бил цел на атентатот додека влегувал во резиденцијата во Багдад, главниот град на Ирак.
Во објавата на медиумите блиски до ирачката Влада се наведува дека обидот за атентат со вооружен дрон е изведен на резиденцијата на Ал-Казими во зелената зона на Багдад.
Војската наведе дека премиерот е неповреден и дека е во добро здравје. Ирачките сили на безбедноста во регионот презедоа опсежни мерки по обидот за атентат.
Зелената зона е силно обезбедено подрачје на Багдад, каде што се наоѓаат резиденцијата на премиерот, државните институции и дипломатските претставништва.