Corey Blackman
06 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
ОВИЕДО
Летовите до и од шпанскиот прометен аеродром „Палма де Мајорка“ беа запрени доцна во петокот откако група патници наводно избегале од авионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициските извори за водечките шпански медиуми изјавија дека авионот што летал од Мароко во Турција направил итно медицинско слетување на шпанскиот остров околу 20:30 часот по локално време.
Откако авионот слетал, група од околу 15 луѓе успеале да излезат надвор од авионот и истрчале на патот.
Повеќе од два часа подоцна, шпанската полиција продолжила да ги бара патниците.
Летовите биле одложени, откажани или пренасочени на места како Ибица или Барселона, според шпанската Организација на контролори за летање.
Групата објави дека е голема веројатноста дека аеродромот нема да почне да работи до сабота наутро.
Според „Статиста“, аеродромот заостанува само позади аеродромите во Мадрид и Барселона како аеродром со најголем воздушен сообраќај во Шпанија.