Adam Abu-bashal
06 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
АБУЏА
На единаесет милиони Нигеријци им е потребна хуманитарна помош поради тероризмот и нападите од вооружени групи, според резидентот и хуманитарен координатор на Обединетите нации (ОН) за Нигерија, Едвард Калон, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нигерија е трета најпогодена земја од тероризмот по Авганистан и Ирак според Глобалниот индекс за тероризам на ОН во 2020 година“, рече Калон, по Самитот за национална безбедност во Абуџа.
Тој нагласи дека Нигерија се соочува со безбедносни проблеми во различни региони.
Повеќе од 20.000 луѓе починале од 2009 година во актите на масивно насилство од страна на терористичката група Боко Харам, што се појави во Нигерија во раните 2000-ти.
Стотици илјади луѓе имаат мигрирано поради терористичките напади и конфликти во Нигерија.