Associated Press
06 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
БЕРЛИН
Во напад со нож во брз воз во Германија повредени се повеќе лица, соопштија германските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалната полиција за телевизиската куќа „Бајеришер Рундфунк“ соопшти дека повикот за напад го примиле денес околу 9 часот наутро. Нападот е изведен во еден од германските брзи ИЦЕ-возови што се обраќал на релација меѓу баварските градови Регенсбург и Нирнберг.
„Едно лице е приведено, а повеќемина се повредени“, се наведува во соопштението на полицијата.
Засега не се објавени информации за напаѓачот ниту за можните мотиви за нападот.
Портпаролот на Германската железничка мрежа потврди дека станицата „Зојберсдорф ин дер Оберпфалц“, каде што возот е запрен, е затворена од околу 9:00 часот и е откажано патувањето со воз на релацијата Регенсбург - Нирнберг.