Cüneyt Karadağ
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германскиот весник „Билд” тврди дека Русија за време на септемвриската воена вежба „Сапад 2017” спровела план на војна против напад од страна на земјите на НАТО и Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во весникот е објавена веста базирана врз информации од западни разузнавачки извори, според која Русија изведе воената вежба со учество на 100.000 војници под наслов „борба против тероризмот”, но всушност, според весникот, вежбата повеќе била воен план за борба против земјите-членки на НАТО и Европа.
Според сценариото на вежбата, се планирало за неколку дена заземање на балтичките земји. Потоа, во симулацијата на вежбата постои простор за молневично движење кон земјите од Западна Европа, особено кон Гермаија, Холандија, Полска, Норвешка, Финска и Швеска.
Во веста за воената вежба Сапад (Запад) која Русија ја спроведува на секои 4 години и се презентира како вежба во одбранбени и антитерористички цели, се тврди дека дадените образложенија не се вистинските факти за целта на вежбата.
Весникот тврди дека во воениот план на руската војска како дел од вежбата се планираат и превентивни мерки при реакција на НАТО војниците, истакнувајќи дека во таков случај, се предвидуваат воздушни напади од север врз објектите на германската и холандската морнарица.
Разузнавачките претставници кои зборувале за весникот, истакнале дека Русија во вежбата предвидува, доколку дојде до воена состојба, тогаш Шведска и Финска нема да останат независни и затоа планира овие две земји да ги нападне со проектили Искандер.