Adam Abu-bashal
06 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
АБУЏА
92 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, известува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата настанала кога цистерна со гориво се судрила со друго возило во областа Велингтон, источно од главниот град Фритаун.
Фодај Муса, вработен во капелата на регионалната болница „Конаут“, информираше дека досега се донесени 92 тела и додаде дека околу 30 лица се тешко повредени.
Претседателот Џулиус Мада Био, испраќајќи порака со сочувство, истакна дека Владата ќе им пружи секаков вид поддршка на семејствата на загинатите.