Elena Teslova
07 Јули 2023•Ажурирај: 08 Јули 2023
МОСКВА (АА) – Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во експлозија во фабрика за производство на експлозиви на југот на Русија, пренесува Анадолу.
Локалната служба за итни случаи соопшти дека експлозијата се случила денеска во фабриката „Промсинтез“ во регионот Самара за време на заварување додека работниците демонтирале цевковод во кој можеби имало траги од експлозив.
Фабриката „Промсинтез“ се наоѓа во градот Чапаевск, на околу 800 километри југоисточно од Москва и е еден од главните производители на индустриски експлозиви во Русија.