Barış Gündoğan
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим во Анкара изјави дека акциите против терористичката организација ПКК и другите терористички групи ќе продолжат сѐ додека терористите не го положат оружјето и не ја напуштат територијата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сѐ додека терористичките групи не го положат оружјето и не го покријат со бетон, како што кажа и нашиот претседател, додека не ја напуштат Турција, нашата борба, нашите акции ќе продолжат“, рече Јилдирим.