АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим во средата во Анкара коментирајќи го најавеното гласање за резолуција во германскиот парламент, поврзана со настаните од 1915 година дека минатото на секоја држава треба да биде истражаувана, но дека тоа треба да го прават историчари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на првата официјална посета на Турската Република Северен Кипар, турскиот премиер Јилдирим им се обрати на новинарите на аеодромот во Есенбог во Анкара и во таа прилика истакна дека најавеното гласање во германскиот парламент претставува „голема гпупост“ и дека е свесен дека постојат недобронамерни кругови кои сакаат да ја спречат Турција во многу нешта, повикувајќи се на настани кои се случиле во улсовите на Првата Светска војна.
„Турција нема што да крие. Нека се биде истражено, историјата, минатото на секоја земја. Нека излезе на виделина сѐ за секого, дозволете тоа го прават историчари. Погрешно е по тие прашања да се занимаваат политичари, особеново во рамките на внатрешнополитички пресметки. Поради тоа, нема сомневање дека ќе бидат нарушени односите на Германија и Турција, иако мие тоа не го посакуваме“, изјави премиерот Јилдирим.
Потсетувајќи дека германската канцеларка Ангела Меркел по именувањето го повикала и му ја честитала премиерската функција, Јилдирим соопшти дека во таа пригода и посочил на германската канцеларка на осетливоста по тоа прашање, особено за 3,5 милиони Турци кои живеат во Германија и кои се силата која ја зацврстува врската меѓу двете земји.
„Се надевам дека при гласањето, германскиот парламент нема да остане нем на гласовите на 3,5 милиони бирачи. Веруваме дека ќе проработи солидарноста и нема да биде изгласана вознемирувачката одлука. Но ако таа биде изгласана, тогаш ништо нема да се случи, бидејќи и порано, во некои земји беше изгласана таква одлука. За нас тоа се безначајни и необврзувачки одлуки“, порача претседателот на турската владата. Укажувајќи на моменталните односи меѓу Германија и Турција, Јилдирим рече дека последните месеци се направени големи исчекори во таа насока.
„Турција не е држава која се занимава со заговори и подготовка на тајни планови. Турција секогаш го кажува она што го има на ум и нема двојни стандарди. Ние до крај остануваме доследни на договорите и спогодбите кои ќе ги постигнеме. Потребно е и Европската унија да застане зад дадените ветувања. Ова не е племенска заедница, Република Турција е држава со богата традиција и корени“, заклучи Јилдирим.
Осврнувајќи се на претстојната посета, Јилдирим изјави дека како нов премиер ќе ја продолжи традицијата премиерот во својата прва официјална посета во странство да ги посети Турската Република Северен Кипар, а потоа Азербејџан.
Нагласувајќи дека турската поддршка на Кипар е неспорна, премиерот Јилдирим рече дека ќе мора да се изнајде трајно и мирно решение на кипарското прашање.
news_share_descriptionsubscription_contact


