Adam Abu-bashal
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
АБУЏА
Дванаесет лица загинаа во вооружените напади извршени во нигериската сојузна држава Кадуна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, сè уште неидентификувани лица извршиле напади врз селата во подрачјето на Кауру во Кадуна.
Се истакнува дека во нападите загинале 12 лица, меѓу кои и полицајци.
Според соопштеното, голем број лица се повредени во вооружените напади извршени во селата.