Betül Yürük
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ
Обединетите нации (ОН) реагираа на продолжувањето на вонредната состојба од страна на Војската за уште 2 години по пучот во Мјанмар, предупредувајќи дека тоа „е далеку од демократско владеење“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ, на брифингот со новинарите се осврна на одлуката на Армијата на Мјанмар да ја продолжи вонредната состојба до 2023 година и да ги одложи изборите.
„Оваа ситуација нас не нè води кон вистинскиот пат. Напротив, оддалечува од нашите повици за враќање на демократската власт, ослободување на политичките затвореници и крај на насилството и угнетувањето“, рече Дујариќ.
Истакнувајќи дека најмалку 930 луѓе, претежно жени и деца, ги загубиле животите од безбедносните сили по државниот удар во Мјанмар на 1 февруари, Дујариќ рече дека во притвор се наоѓаат илјадници луѓе, вклучувајќи политичари, писатели, бранители на човековите права, новинари и цивили.
Дујариќ исто така рече дека тековната криза по државниот удар во Мјанмар го спречува пристапот до сиромашните, го спречува образованието, здравствените услуги и борбата против Ковид-19.
Началникот на Генералштабот, генералот Мин Аунг Хлаинг, кој ја презеде власта во Мјанмар со државен удар, на 1 август соопшти дека вонредната состојба е продолжена за 2 години и се прогласи за премиер на привремената Влада.
Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари, по обвинувањата за измама на изборите на 8 ноември 2020 година и порастот на политичката тензија во земјата.
Армијата приведе многу функционери и водачи на владејачката партија, особено де факто лидерката на земјата и министерка за надворешни работи, Аунг Сан Су Чу, и прогласи вонредна состојба на една година.
Како резултат на интервенцијата на Армијата на Мјанмар против противниците на пучот, 939 лица ги загубија животите.
Додека во земјата се одржуваат демонстрациите што започнаа на 6 февруари со барање за враќање на демократијата во земјата, продолжува судењето на приведените високи државни функционери пред Воениот суд.