Şeyma Uzundere
03 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 180 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, 180.101.722 лица успеале да ја добијат битката против Ковид-19.
Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19 се исто така земји каде што се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во Индија оздравеа 30.896.354 лица, во САД 29.717.537, а во Бразил, 18.687.203 лица.
Во Турција од вирусот оздравеа 5.465.846 лица.
Во светот 15.260.750 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 199.611.794, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 4.249.322 лица.
Коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а на 11 март 2020 година Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на Ковид-19.