Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
КАБУЛ
Амбасадите на САД и Велика Британија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија дека талибанците извршиле цивилен масакр во покраината Кандахар, на југот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на американската и британската Амбасада во Кабул, се наведува дека талибанците извршиле воени злосторства во Кандахар.
Во соопштението се вели дека талибанските милитанти масакрирале цивили во подрачјето на Спин Болдак во Кандахар и дека инцидентот треба да се испита, а одговорните лица да одговараат.
„Ако не можете сега да ги контролирате вашите борци, нема да можете да направите ништо во администрацијата подоцна“, се вели во соопштението на амбасадите упатена до талибанците.
Исто така, се повикува на итен прекин на огнот и прекин на тековната војна во земјата.
Од друга страна, Независната авганистанска комисија за човекови права информираше дека талибанските милитанти убиле околу 40 цивили и ограбиле имот додека ја контролирале подрачјето на Спин Болдак.
Талибанските милитанти на 14 јули ја презедоа контролата врз Спин Болдак и граничните премини на пакистанската граница.
- Насилствата во земјата продолжуваат
Мировниот процес во Авганистан останува неизвесен. Од друга страна, насилните судири меѓу безбедносните сили и талибанците продолжуваат.
Талибанците ја презедоа контролата врз скоро сите области на границата со Узбекистан и Таџикистан во нападите што започнаа во последната недела од јуни.
Исто така, го опколија и граничниот премин „Хајратан“, најважната трговска рута до Узбекистан, од два правци, додека на југозапад се концентрираа на покраината Газни.
Талибанците продолжија да напредуваат во Авганистан, ја зазедоа Исламската тврдина на границата со Иран на 8 јули и граничниот премин „Спин Болдак“ на границата со Пакистан на 14 јули. Исто така, ги зголемија насилните напади во покраините Бадахшан, Тахар, Газни, Херат, Кандахар и Бадгис.
Според информациите што дописникот на АА ги доби од локалните власти, талибанците контролираат повеќе од 150 од вкупно 407 области, вклучувајќи ги и нивните центри.
Целосно под државна контрола се 34 центри на покраини.