Berad Büyük
08 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
КЕЈПТАУН (AA) - Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер и неговиот шпански ривал Рафаел Надал одиграа ревијален хуманитарен меч кој е организиран во Јужноафриканската Република, со цел собирање помош за децата во Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Кејптаун е одржан шестиот по ред хуманитарен „Меч за Африка“, во кој Федерер со резултат 2:1 го совлада Надал.
Паралелно со тоа, Федерер и Надал одиграа уште еден сет во парови, а Швајцарецот и тука беше подобар, победувајќи во парови со 6:3.
Во сетот во парови Федерер играше со познатиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс, додека тимскиот колега на Надал беше комичарот Тревор Ноа.