Mutlu Demirtaştan
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - На првиот грен-слем турнир Австралија опен, светските прваци Симона Халеп во женска и Роџер Федерер во машка конкуренција се пласираа во четвртфиналето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во 4. круг од турнирот во Мелбурн играа Јапонката Наоми Осака која се рангираше на 72. место и Романката Халеп.
Халеп ја победи Осака со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2 и се пласира во четвртфиналето на Австралија опен. Романската тенисерка во четвртфиналето ќе игра со победничката на натпреварот меѓу чешките тенисерки Барбора Стрицова и Каролина Плискова.
Минатогодишниот шампион, Швајцарецот Федерер, го победи Унгарецот Мартон Фусович со 6:4, 7:6 и 6:2 во сетови.
Четвртфиналниот противник на Федерер е Томаш Бердих (Чешка) кој го победи Италијанецот Фабио Фогнини со 3:0 (6:1, 6:4, 6:4).
Во четвртиот круг од натпреварувањата на женскиот турнир, германката Анџелик Кербер која ја победи Су Веи Си со скор од 2:1 (4:6, 7:5, 6:2) и Медисон Киз од САД со победата над французинката Каролин Гарсија со 2:0 (6:3, 6:2).