Admir Fazlagic
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Ракометарите на репрезетацијата на Македонија вечерва го доживеа првиот пораз на Европското првенство, во натпреварот со Шпанија со резултат 31:20, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ракометарите на Шпанија беа поуспешни во вечерашниот натпревар кој се играше во Вараждин во рамките на Европското првенство кое се одржува во Хрватска. Шпанските ракометари во првото полувреме водеа со 15:6, а хендикеп во самиот натпревар беше тоа што капитенот и еден од најдобрите ракометари во репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров, го напушти натпреварот само по 12 минути поминати на теренот, поради повреда во десната нога.
Иако вечерва „црвено-жолтите" се поразени, сепак, шансите за полуфинале на Европското првенство се уште постојат.
Репрезентацијата на Македонија во втората фаза и остануваат уште два натпревари, првиот со Чешка, а птоа и против Данска. Со евентуални четири бода Македонија ќе биде во игра за пласман на завршницата од Европското првенство.
Табела група 2: Данска 6 бода (натпревар повеќе), Шпанија 4, Германија 4 (натпревар повеќе), Македонија 3, Чешка 2, Словенија 1.