AP
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
МЕЛБУРН (АА) - Првиот светски рекет, тенисерот Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен по победата над борбениот аргентинец Диего Шварцман во четири сета со резултат 6:3, 6:7 (4), 6:3 и 6:3, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанецот без многу проблеми го доби првиот сет, а потоа Шварцман возврати и изедначи на 1:1. Агентинецот немаше сила да продолжи со истото темпо, а натпреварот траеше 3 часа и 53 минути игра.
Надал, кој оваа година се бори за својата втора титула на Австралија Опен и 17. Гренд слем титула, во четвртфиналето ќе се сретне со Марин Чилиќ, шестопласираниот тенисер на светската АТП ранг листа.
Хрватскиот тенисер по 11. пат го осигура пласманот во четвртфиналето на еден Гренд слем турнир, откако го совлада Шпанецот Пабло Карењо Буста со 6:7 (2), 6:3, 7:6 (0) и 7:6 (3).