Hasan Esen
18 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
МАДРИД (АА) - Од шпанскиот фудбалски клуб Барселона соопштија дека 30-годишниот дефанзивен играч Жерард Пике го продолжил својот договор со клубот до 30 јуни 2022 година и дека откупната клаузула за овој играч изнесува 500 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот, сè уште не е одреден датумот за потпишување на договорот со кој Пике уште четири години ќе го носи дресот на шпанскиот фудбалски клуб. Клаузулата за ослободување на овој играч од обврските кон Барселона изнесуваат 500 милиони евра.
Пике во Барселона пристигна на своја 10-годишна возраст. Во 2004 година се пресели во Манчестер Јунајтед, од каде Пеп Гвардиола во 2008 година повторно го донесе во редовите на Барселона со кого три пати ја освоија Лига на шампионите на УЕФА, 6 пати ја освоија Ла Лига, 5 пати Кралскиот куп, 3 пати шпанскиот Супер куп, 2 пати го освоија европскиот Супер куп, и два пати Светскиот куп на ниво на клубови. ВО периодот додека беше ангажиран во Манчестер Јунајтед, Пике играше како изнајмен играч во редовите на Сарагоса.
Пике досега има одиграно 422 натпревари во дресот на Барселона, и постигна 37 погодоци.