Serhat Bağbars
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Порашениот прв тенисер на светот, Рафаел Надал десетти пат во кариерата го освои АТП турнирот во Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот тениски ас и моменталниот петти играч на светот, Надал, во финалниот меч синоќа на централниот терен кој го носи неговото име, со резултат 2:0 во сетови го совлада и деветтиот играч на светот, Австриецот Доминик Тим.
Резултатот по сетови беше 6:4 и 6:1.
Тоа е десетти трофеј кој Надал го има освоено на турнирот во Барселона, а негова 51. титула на земјен терен, по што е најдобриот тенисер досега. Во кариерата има вкупно вкупно 71 трофеј на сите подлоги.
Надал и минатата недела по десетти јубилеен пат во кариерата го освои АТП турнирот во Монте Карло. Тогаш стана првиот тенисер со десет титули на еден турнир, а синоќа тој рекорд го зголеми со десетката на уште еден турнир.