Emre Doğan
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Менаџерот Мино Раиола соопшти дека харизматичната фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ се опоравува по успешната операција на коленото. Раиола рече дека сосема е извесно дека Ибрахимовиќ ќе ја продолжи својата фудбалска кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се повреди за време на четвртфиналниот натпревар на Лига Европа против белгискиот Ангерлехт кој беше одигран на 20. април.
Неговиот менаџер Раиола за англиските медиуми изјави дека оперативниот зафат на повреденото колено успешно е изведен и со сигурност се знае дека Ибрахимовиќ нема да биде принуден да ја заврши својата фудбалска кариера поради таа повреда.
„Ибрахимовиќ во моментов е на рахабилитација, и ќе остане под медицински надзор сѐ додека не закрепне во потполност. Во моментов не е во состојба да дава интервјуа, но ќе ве известуваме за неговата состојба”, рече италијанскиот менаџер.
Искусниот 35-годишен фудбалер оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 46 натпревари и постигна 28 погодоци.
Договорот со Јунајтед му завршува на крајот од сезоната и неизвесно е како последната повреда ќе влијае на неговиот понатамошен ангажман на Олд Трафорд.