Dejan Maksimoviç
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ВИГО (АА) - Манчестер Јунајтед е еден од најпопуларните, но и најтрофејни светски клубови. Тој ги освои сите фудбалски натпревари во кои играше, освен Лигата на Европа и некогашниот Куп на УЕФА. Затоа менаџерот Жозе Мурињо нагласува дека пред натпреварот што вечерва треба да се одржи во полуфиналето против Селта, сака да го затвори кругот на трофеите на Јунајтед и да го подигне пехарот на Лигата на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е единствен трофеј што Манчестер Јунајтед не го освои. Би било добро да го 'затвориме кругот' и да можеме да кажеме дека сме го освоиле секој натпревар во светот на фудбалот. За нас како тим, тоа би било прекрасно достигнување, особено поради проблемите со кои се соочуваме, но би ни овозможило и да се вратиме во Лигата на шампионите“, изјави Мурињо, пренесуваат британските медиуми.
Првиот натпревар на полуфиналето меѓу Селта и Манчестер Јунајтед ќе се игра вечерва на стадионот „Балаидос“ во Виго, со почеток во 21.05 часот.
Синоќа, првиот натпревар на полуфиналето го одиграа Ajaкс и Олимпик лион. Голема предност од 4:1 стекна холандскиот претставник.
Двете реваншни средби на полуфиналето ќе се играат на 11 мај, а финалето е на програмата 13 дена подоцна, во „Френдс арена“ во Солна кај Стокхолм.