Dejan Maksimoviç
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
МАНЧЕСТЕР (AA) – Иако британските медиуми со денови пишуваат дека Манчестер Јунајтед поради повредата на Ерик Бејли, планира да ја зајакне одбраната, менаџерот Жозе Мурињо ги демантира таквите обвинувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Јунајтед се поврзува со доведување на Хосе Фонте од Соутемптон или Виктор Линделоф од Бенфика, за да помогнат додека Бејли не закрепне.
Меѓутоа, Мурињо истакна дека ќе се потпре на Крис Смалинг, Маркос Рохо и Фил Џонс додека во конкуренција не се врати репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.
„Ќе го чекам Бејли. Се надевам нашите тројца халф играчи можат да ја контролираат ситуацијата во наредните осум натпревари. Еден од нив ќе ги одмарам во секој натпревар. Ние ќе се обидеме да направиме квалитетна ротација измеѓу нив тројца. Со нив го имаме и Дели Блинд, како шетврти халф, во случај да е потребно да заигра позиција, a го имаме и Мајкл Керик кој може да ја покрие таа позиција, па ќе видиме“, рече португалскиот тренер.
Манчестер Јунајтед го очекува многу густ распоред до крајот на јануари, бидејќи ќе одигра уште пет натпревари. Првата денес кога од 13.30 часот на Олд Трафорд ќе го дочека Ридинг во третото коло на ФА купот, натпревар на кој ќе го брани трофејот.