Bakir Tiro
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
САРАЕВО (АА) - Новак Ѓоковиќ би можел да стане најдобар играч во историјата на тенисот, изјави Рафаел Надал, моментално 10 тенисер и освојувач на 14 Гранд Слем турнири, јавува Anadolu Agency (AA).
„Има многу добри играчи кои и понатаму играат. Џоковиќ е еден од најдобрите. Тој може да стане најголем на сите времиња” , изјави Надал и нагласи:
„Претходно многу луѓе мислеа дека можам да станам најдобар тенисер на сите времиња. Но, сега во тоа не веруваат. Никогаш не знаете што може да се случи. Вашата кариера зависи од повредите и многу други детали”.
Вели дека не е сигурен кој е најдобар тенисер на сите времиња.
„Во дилема сум помеѓу Роџер Федерер и Род Лејвер” , истакна Надал.