Bedrudin Brlyavac
22 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
САРАЕВО (AA) - Првиот тенисер на светот Енди Мареј (29) изјави дека е свесен колку е тешко да се остане на првото место на АТП листата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, Мареј кон крајот на 2016 година успеа да го собори српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од тронот и прв пат во кариерата да стане најдобар играч на АТП листата.
Како што пишува Би-би-си, Мареј е повеќе од сигурен дека Ѓоковиќ ќе направи се за да се врати на прво место.
„Можно е наредната година да не биде се совршено и на тоа морам да бидам спремен. Знам дека е многу тешко да се остане на врвот. Не земам ништо здраво за готово. Сигурен сум дека Новак ќе се обиде да се врати на тронот, но толку долку ми беше потребно да дојдам до ова место и поради тоа сакам тука и да се задржам колку што можам", рече британскиот тенисер.
Инаку, Мареј во Мајами се подготвува за нова сезона која, како што рече, нема да биде ниту малку лесна.
„Работам на својата игра, се обидува да дојдам во што подобра форма за да 2017 година ја започнам најдобро што можам", рече Британецот.
Во меѓусебните средби, Ѓоковиќ има 24, а Мареј 11 победи.