Dejan Maksimoviç
23 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
БАРСЕЛОНА (АА) - Две од трите големи ѕвезди на Барселона, Луис Суарез и Неимар го продолжија договорот со клубот. Бразилскиот ас во октомври ја продолжи соработката со Барса до летото 2021 година, а јавно изрази надеж дека истото наскоро ќе го стори и Лионел Меси, третата и најголема ѕвезда на каталонскиот гигант, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надевам дека Меси ќе остане со нас во Барселона. Очекувам дека наскоро ќе потпишам нов договор“, изјави Нејмар за бразилските медиуми.
Жозеп Мариа Бартомеу, претседателот на Барселона, неодамна изјави дека преговорите со Лионел Меси тукушто започнале и дека очекува дека оти успешно ќе завршат на обострано задоволство.
По 16 одиграни кола во Ла Лига, Барселона е на второто место со три поени помалку од најголемиот ривал Реал Мадрид, кој има натпревар помалку.
„Многу сум задоволен од мојата игра и од досегашниот тек на сезоната, без оглед на тоа што дадов малку голови. И тоа ќе дојде природно. Многу сум задоволен што асистирав, бидејќи сакам да му помогнам на тимот на најдобар можен начин“, истакна репрезентативецот на Бразил.
Барселона ја продолжува сезоната во Ла Лига на 8 јануари, кога ќе гостува кај Вилјареал. Нејмар постигна четири гола во 13 натпревари на првенството оваа сезона.