Şenhan Bolelli
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
МАДРИД (АА) - Аргентинската и светска фудбалска ѕвезда од редовите на шпанскиот прволигаш Барселона, Лионел Меси изрази поддршка за престојниот фудбалски турнир „Либерте куп“, кој ќе се одржи во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните најави на турнирот Меси ги сподели на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека фудбалот не познава граници.
Меси за турнирот „Либерте куп“ рече: „Тоа не е политичка кампања или профитабилна асоцијација и не претставува барање за отворање на границата“.
„Целта е едноставна. Да се измени перцепцијата за азилантите од страна на печатот. Азилантите не сакаат да бидат сожалувани, тие ја сакаат твојата поддршка. Затоа да ја заборавиме политиката и да играме фудбал“, изјави Меси.
Натпреварот утре ќе се одигра на стадионот „Мулин“, на северот од Франција, во областа Гран Синт, и за изразување поддршка за азилантите, ќе може да се приклучи секој.