Furkan Güldemir
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
БЕЈРУТ (АА) - Поранешните фудбалери на водечките фудбалски клубови како Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид ги одмерија силите со „Sвездите на Либан” во натпреварот одигран во Џуније, во северниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот натпревар се одигра во организација на либанското Министерството за туризам и една приватна фирма, а целта беше да се промовира земјата и развојот на фудбалот во неа.
Во ревијалниот натпревар кој имаше цел да го промовира либанскиот фудбал, љубителитите на овој спорт имаа можност да ги гледаат легендарните играчи како што е Мишел Салгадо, Луис Фиго, Давид Трезеге, Пол Сколс, Јенс Леман, Роберто Карлос и Карлос Пујол.
Во екипата „Sвездите на Либан” настапија Рода Антар, Муса Хаџ, Зијад ел-Самет, Фејсал Антар, Јусуф Мухамед, Абас Атви и Фуад Хиџази..
Натпреварот заврши со победа на Меѓународните ѕвезди а резултатот беше 4:3.