Doga Kirmizioglu
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Поранешниот фудбалски ас, Диего Марадона, го повика капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, да се откаже од најавеното повлекување од националниот тим, јавува Anadolu Agency (AA).
Меси, по поразот на Аргентина од Чиле во финалео на Копа Америка во САД, најави завршување на репрезентативната кариера. По оваа изјава, Марадона во изјава за аргентинскиот весник „La Nacion“ го повика сонародникот да ја преиспита својата одлука.
„Меси треба да ја предводи Аргентина и на Светското првенство во фудбал 2018 година во Русија. Мора да остане и да помогне да ја освоиме титулата на светски првак во фудбал", порача Марадона.
Истакнувајќи дека Меси е исклучително важен играч за аргентинската репрезентација, Марадона рече дека оние кои сакаат Меси да си оди, не се свесни во каква криза е аргентинскиот национален фудбалски тим.
„Тој мора повеќе да им верува на своите соиграчи со цел да освојуваат титули, и да не им обраќа внимание на оние кои зборуват дека треба да ја напушти репрезентацијата", рече Марадона.
Потсетувајќи дека Фудбалскиот сојуз на Аргентина е под истрага од страна на ФИФА поради корупција и фактот што Меси со часови го чекал полетувањето на авионот пред финалниот меч на Копа Америка, Марадона рече дека е тажен и лут поради ситуацијата во која се наоѓа аргентинскиот фудбал.
„Паднавме на дното", заклучи Марадона.