Doga Kirmizioglu
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Лионел Меси, ѕвездата на екипата на Барселона, која е член на Првата шпанска лига (Ла Лига), следната година ќе се жени со својата долгогодишна девојка Антонела Рокуцо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени на шпанските и аргентинските медиуми, Меси и Рокуцо ќе се венчаат на почетокот од летната сезона, следната година во Барселона, за време на летниот камп.
Се наведува дека е планирано церемонијата на вечавката да се одржи во Аргентина, во градот Росарио, каде што ќе биде организирана голема прослава со присуство на повеќе стотици гости.
Меси уште на мала возраст се запознал со Рокуцо, другарката на неговата братучетка. По долгогодишно пријателство, Меси започнатата врска ја продолжи и по префрлањето во Барселона.