Ali Talip Demirci
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Светската рекордерка во нуркање Дерја Џан успеа да стигне до дабочина од 94 метри, со што го собори светскиот рекорд во категоријата слободно нуркање без пераи, служејќи се со јаже и со различни тегови. Нуркањето на длабочина го изведе во водите крај туристичкиот град Каш, во областа на Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Дерја Џан обидот да постави нов рекорд во длабинско нуркање го посвети во чест на загинатите херои. На отворено море, во близина на селото Хидајет, таа изведе длабинско нуркање без пераи во категоријата слободно нуркање, служејќи се со јаже и различни тегови. Притоа успеа за време од 2 минути и 38 секунди да стигне до длабочина од 94 метри, со што го собори досегашниот рекорд којшто изнесува 91 метар, а е поставен од страна на Шахика Ерџумент.
Дерја Џан пред новинарите соопшти дека веќе 4 години го планира ова нуркање. Претходно поради својата бременост и подоцна поради здравствените проблеми со кои се соочила, била принудена да го одложи обидот за нов светски рекорд. „Денеска во Каш, временските услови овозможија да се нурнам до длабочината до која посакував да стигнам, и го поставив овој нов светски рекорд во чест на загинатите херои“, изјави Џан.
Чуствувајќи дека турскиот народ е секогаш покрај неа, Дерја Џан го кажа следното:
„Во овие тешки денови за нашата земја, знам дека е потребен еден ваков успех. Многу сум среќна што успеав на мојот народ да му донесам ваков рекорд. Турскиот народ треба да се споменува по успесите. Затоа сум среќна што како национален спортист и како светски рекордер ја извршив должноста што ми припаѓа“.
Џан рече дека чувствува особена радост што ја исполнила задачата дадена од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган во 2014 година, да го собори светскиот рекорд.
Националната спортистка Дерја Џан утре или на 18 декември ќе се обиде да го собори и светскиот рекорд во длабинско нуркање со пераи и со различни тегови, доколку тоа го дозволат временските услови.