Onur Usta
20 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Со продажба во вредност од околу 20 милијарди евра во воената индустрија во текот на минатата година, Франција го постигна највисокиот извоз во својата историја, јавува Anadolu Agency (АА).
На годишната прес-конференција, министерот за одбрана Жан-Ив ле Дриан ги објави цифрите од извозот во воената индустрија.
Ле Дриан истакна дека Франција постави нов рекорд, достигнувајќи ја сумата од 20 милијарди евра од продажба во воената индустрија.
Министерот Ле Дриан истакна дека зголемената продажба е показател за квалитетот на производите од воената индустрија. „Нашата екипа вработи десетици илјади луѓе. Оваа ситуација исто така ја има загарантирано независнота на нашата земја и нејзината стратешка самостојност“, додаде Ле Дриан.
Со потпишувањето на договорот во септември минатата година, Франција продаде 36 авиони од моделот „рафал“ на Индија, во вредност од 8 милијарди евра. Во април минатата година, пак, француската фирма „ДЦНС“ го доби тендерот на Австралија за 12 подморници, вреден 50 милијарди евра. Извозот на оружје на Франција во 2015 година изнесуваше 17 милијарди евра.